• четврток, 21 ноември 2024

Мареска: Целта е да се реши економскиот проблем на Челси во однос на продажбата на играчи

Мареска: Целта е да се реши економскиот проблем на Челси во однос на продажбата на играчи

Лондон, 27 август 2024 (МИА) - Главната цел на Челси во преодниот рок е да продава играчи за да ги балансираат нивните финансии, изјави менаџерот Енцо Мареска.

Челси е доста активен на пазарот откако американскиот сопственик Тод Боли ја презеде функцијата пред две години.

Клубот од Западен Лондон потроши над 160 милиони фунти на 11 нови засилувања оваа сезона, вклучувајќи ги Педро Нето, Жоао Феликс, Кирнан Девзбери Хол и Филип Јоргенсен.

Челси го продаде Конор Галагер на Атлетико Мадрид, а дефанзивецот Јан Маатсен се приклучи на Астон Вила, но тие се уште имаат пријавени повеќе од 40 играчи, што ги става во ризик да ги прекршат правилата за профит и одржливост на Премиер лигата.

-Целта е да се реши економскиот проблем во однос на продажбата на играчи. Се обидуваме да дадеме се од себе и да видиме до каде можеме да стигнеме, изјави Мареска за клупската веб-страница.

Обидите на Челси да продава играчи се повеќе од јасни откако англиските репрезентативци Рахим Стерлинг и Бен Чилвел се меѓу групата од над 15 играчи кои не тренираат со првиот тим и нема да бидат дел од плановите на лондонскиот клуб за тековната сезона.

-Сакам да ги видам моите играчи како играат онака како што сакам да играат и да се борат за успех на секој натпревар. Сакам да видам јасна идеја кога ја имаме топката, сакам многу агресивен тим. Најважно е да бидеме подобар во секој дуел, заклучи Мареска. дс

Фото: Архива

Остани поврзан