• сабота, 12 октомври 2024

Мареска со прва награда во Премиер лигата

Мареска со прва награда во Премиер лигата

Лондон, 11 октомври 2024 (МИА) - Енцо Мареска ја освои својата прва награда во Премиер лигата откако беше прогласен за менаџер на месецот во септември. 

Така, Челси забележа дабл во однос на овие почести, бидејќи Кол Палмер ја подигна наградата за играч на месецот претходно денеска. 

„Сините“ останаа непоразени во првенството во септември по ремито со Кристал Палас и победите над Бурнмаут, Вест Хем и Брајтон, а тимот од Лондон постигна девет гола на тие натпревари.

-Имавме многу добар месец. На сите ни требаат вистинските луѓе околу нас за да ги подобриме работите. Многу сум благодарен што ги имам сите овие луѓе како дел од мојот персонал. Секогаш бараме начини да станеме подобри, изјави Мареска.

Италијанецот е првиот менаџер на Челси кој ја освоил наградата по Томас Тухел, кој ја зеде наградата во октомври 2021 година. дс

Фото: Х/Челси

Остани поврзан