• четврток, 18 јули 2024

Манчестер jунајтед се договори со Рабио

Манчестер jунајтед се договори со Рабио
Манчестер, 14 август 2022 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио е блиску до преселба во Манчестер јунајтед. Раководството од „Олд Трафорд“ се договори со 27-годишниот француски репрезентативец, како и за провизијата за неговата мајка, која е агентка на Рабио, пренесува „GIFN“ повикувајќи се на новинарот Саша Таволиери. Претходно се дозна дека Манчестер јунајтед се договори со Јуве за трансфер на играчот од средниот ред за 15+5 милиони фунти. Се очекува дека сега англискиот клуб нема да го купи играчот за врска на Барселона, Френки де Јонг, туку играчот од средниот ред на ПСЖ, Леандро Паредес. зс/

Остани поврзан