Манчестер jунајтед е заинтересиран за Шик
- Фудбалерот на Баер Леверкузен, Патрик Шик може да ја продолжи кариерата во Манчестер јунајтед.

Леверкузен, 15 април 2025 (МИА) – Фудбалерот на Баер Леверкузен, Патрик Шик може да ја продолжи кариерата во Манчестер јунајтед.
Според германскиот новинар Патрик Бергер, Манчестер јунајтед повеќе би сакал да ангажира помлад напаѓач, но 29-годишниот Чех исто така е во потесниот круг на клубот.
И самиот фудбалер за свој приоритет го смета преминот во англиската Премиер лига.
За трансферот на Шик се очекува Баер да бара околу 25-30 милиони евра.
Шик игра за Баер од 2020 година. Сезонава одигра 40 натпревари во сите натпреварувања, постигна 23 гола и направи една асистенција. зс/
Фото: ЕПА