• четврток, 25 јули 2024

Манчестер сити ќе ја испита новогодишната забава на Менди

Манчестер сити ќе ја испита новогодишната забава на Менди
Манчестер, 3 јануари 2021 (МИА) – Премиерлигашот Манчестер сити ќе го испита однесувањето на дефанзивецот Бенџамин Менди по извештаите дека бил домаќин на забава за Нова година. Клубот ќе истражува потенцијално прекршување на прописите за борба против коронавирусите од страна на 26-годишниот Французин. За потсетување, Манчестер сити има пет фудбалери заразени со коронавирус. зс/

Остани поврзан