• вторник, 25 јуни 2024

Манчестер сити е подготвен да го продаде Силва за 99 милиони евра

Манчестер сити е подготвен да го продаде Силва за 99 милиони евра

Манчестер, 5 јули 2023 (МИА) - Манчестер сити е подготвен да го продаде играчот од средниот ред Бернардо Силва ова лето, тврди новинарот Екрем Конур.

 

„Граѓаните“ се подготвени да прифатат понуда од 85 милиони фунти за 28-годишниот фудбалер, вели Конур.

 

Пари Сен-Жермен и Ал Ахли се заинтересирани за купување на португалскиот фудбалер. Претходно беше објавено дека Силва сака да се пресели во парискиот клуб.

 

Во сезоната 2022/23, Силва одигра 54 натпревари на кои постигна седум голови и шест асистенции.

 

Порталот Трансфермаркт го цени играчот на 80 милиони евра. Договорот е до летото 2025 година. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан