• петок, 05 декември 2025

Манчестер сити без Ковачиќ на Светското клупско првенство, Хрватот опериран

Манчестер сити без Ковачиќ на Светското клупско првенство, Хрватот опериран


Лондон, 2 јуни 2025 (МИА) – Хрватскиот играч од средниот ред на Манчестер Сити, Матео Ковачиќ, е опериран поради повреда на Ахиловата тетива и ќе го пропушти претстојното Светско клупско првенство во САД, објави денеска англискиот клуб.
Поради операцијата, Ковачиќ ќе ги пропушти и двата јунски мундијалски квалификациски натпревари а Хрватска против Гибралтар и Чешка.
Триесетиедногодишниот хрватски репрезентативец одигра 42 натпревари за Сити оваа сезона, постигнувајќи седум голови.
„Матео ќе го помине летото закрепнувајќи се и сите во клубот му посакуваат брзо закрепнување“, додаде англискиот клуб.
Манчестер Сити, кој сезонава остана без трофеј прв пат во последните осум години, својот воведен натпревар на Светското клупско првенство ќе го одиграат на 18 јуни против мароканскиот клуб Видад Казабланка во Филаделфија, во рамки на групата Г. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан