Манчестер сити бара повеќе од 50 милиони евра од Тотенхем за Савињо
- Фудбалерот на Манчестер сити, Савињо, би можел да ја продолжи кариерата во Тотенхем, објави новинарот Фабрицио Романо.
Манчестер, 12 август 2025 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер сити, Савињо, би можел да ја продолжи кариерата во Тотенхем, објави новинарот Фабрицио Романо.
Лондонскиот клуб понудил 50 милиони евра за 21-годишниот Бразилец, но Сити сака повеќе.
Се претпоставува дека договорот на играчот ќе биде склучен до 2030 година со опција за продолжување за уште една сезона.
Савињо игра за Манчестер сити од летото 2024 година. Тој има 48 настапи за англискиот клуб, постигнувајќи три гола и 13 асистенции.
Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 50 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА