• недела, 22 декември 2024

Манолева: Универзитетската клиника за физикална медицина има можност за рехабилитација на неподвижни пациенти

Манолева: Универзитетската клиника за физикална медицина има можност за рехабилитација на неподвижни пациенти

Тетово, 21 февруари 2024 (МИА) – Заменик министерката за здравство во техничката Влада Маја Манолева вели дека на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација од каде што таа доаѓа има можност за роботска рехабилитација којашто им овозможува на тешките неподвижни пациенти да го вратат процесот на одење.

Ова беше нејзиниот одговор на новинарско прашањето во кои установи во државата има можност да се третира младиот Леонид Индов, кој како неподвижен од тешки повреди пред десетина дена со полициски хеликоптер беше префрлен на третман во Виена, Австрија. Потоа семејството на Леонид беше институционално информирано дека лекувањето не може да го плати Фондот за здравствено осигурување, со образложението е дека во земјава постои можност за рехабилитација. 

-Јас не сум запознаена со деталите за процесот на барање од страна на родителите за лекување на нашиот сограѓанин ќе кажам во странство, меѓутоа морам да напомнам дека Фондот за здравствено осигурување, а веројатно и вие, ќе бидете известени дека работи врз основа на правилници на основа на коишто се одобрува лекување во странство. Бидејќи сум специјалист по физикална медицина и рехабилитација, знам дека во тие правилници не постои основ за одобрување на лекување во странство за рехабилитација. Тоа е едната работа и втората работа којашто исто така би сакала да ја напомнам, а којашто никој овие денови не ја споменува е дека Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација, од којашто јас дојдов на позицијата заменик министер во последниве 4-5 месеци веќе работи со најнова најсовремена апаратура за роботска рехабилитација којашто им овозможува на тешките неподвижни пациенти да го вратат процесот на одење, истакна Маја Манолева при посетата на Здравствен дом Тетово.

Според неа, за еден пациент да биде вклучен во процес на роботска рехабилитација, треба да исполнува одредени критериуми, коишто ги проценува и ги дава стручниот колегиум на Клиниката. ас/дма/

Фото:МИА

Остани поврзан