Манифестација „Го градам мојот град“
- По повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Детски културен центар „Карпош“ денеска ќе се одржи манифестацијата „Го градам мојот град“ со учество на деца од предучилишните установи во главниот град.
Скопје, 13 ноември 2023 (МИА) - По повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Детски културен центар „Карпош“ денеска ќе се одржи манифестацијата „Го градам мојот град“ со учество на деца од предучилишните установи во главниот град.
-Манифестацијата „Го градам мојот град“ има за цел да ги истакне детските творечки способности и детската креативност, а воедно и поопширно да ги запознае децата со денот и неговото значење. На овој ден, децата од скопските градинки од различни природни и други материјали по свој избор ќе прават објект - макета на некое значајно обележје на Скопје, најавува организаторот на манифестацијата, Детскиот културен центар „Карпош“. љм/
Фото: Детски културен центар „Карпош“