• петок, 27 декември 2024

Малезија и Тајланд се подготвуваат за нови поплави, во последните неколку денови животот го загубиле најмалку 27 лица

Малезија и Тајланд се подготвуваат за нови поплави, во последните неколку денови животот го загубиле најмалку 27 лица

Куала Лумпур, 2 декември 2024 (МИА) - Најмалку 27 лица го загубија животот во последните неколку денови во поплавите што ги погодија Малезија и Тајланд, додека двете земји се подготвуваат за нови обилни дождови, соопштија денеска властите.

Повеќе од половина милион домаќинства беа погодени од поплавите во двете азиски земји, иако некои раселени жители се вратија дома бидејќи водата денеска се повлече во некои области.

Бројот на луѓе во засолништата за евакуација во Малезија денеска се намали на 128.000, од ​​вчерашните 152.000, покажаа податоците на Агенцијата за итни случаи.

Метеоролозите во Малезија, сепак, предвидуваат силни ветрови за следните неколку дена, како и дополнителни обилни врнежи и бури во најтешко погодените држави Келантан и Теренгану, проследени со монсунски период низ малезискиот полуостров.

Поплавите во таа земја уништија домови, го прекинаа железничкиот сообраќај, а во поплавите беа оштетени повеќе од 38.000 хектари оризови полиња. На југот на Тајланд од поплавите беа погодени 434.000 домаќинства, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, додавајќи дека Владата обезбедила храна и неопходни работи за ранливото население. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан