• понеделник, 20 мај 2024

Малдини: Целта на Милан треба да биде шампионската титула

Малдини: Целта на Милан треба да биде шампионската титула
Милано, 2 септември 2020 (МИА) - Техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини ги сподели размислувањата за сезоната 2020/21. Според него, „росо-нерите“ мора да се атакуваат на титулата во Италија, а во најлош случај да обезбедат за место во Лигата на шампионите. - Целта на Милан не е објавена, но тоа треба да биде шампионската титула. Мора да се направат напори за подобрување на состојбата во табелата. Пред две години завршивме петти, минатата сезона шеста. Сега треба да се бориме за врвот, најмалку да бидеме во првата четворка, бидејќи тоа ќе ни овозможи да промениме многу, смета Малдини. Вчера, и Златан Ибрахимовиќ кој потпишпа нов договор со клубот, истакна дека Милан мора да оди на трофеј во новата сезона. зс/

Остани поврзан