• вторник, 07 јануари 2025

Макрон: Украинците ќе мора да водат реални преговори за територијалните прашања

Макрон: Украинците ќе мора да водат реални преговори за територијалните прашања

Париз, 6 јануари 2025 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Украинците ќе мора „да водат реални преговори за територијалните прашања бидејќи само тие можат да ги водат за да најдат решение за конфликтот предизвикан од руската инвазија во 2022 година“.

„САД треба да ни помогнат да ја промениме природата на ситуацијата и да ја убедат Русија да седне на преговарачка маса“, додека Европејците ќе треба да „изградат безбедносни гаранции“ за Украина, што ќе биде нивна примарна одговорност, рече Макрон за време на годишниот средба на француските амбасадори за да ги претстави главните точки од неговата надворешна политика.

Макрон посочи дека Европа треба побрзо да ја зајакне својата одбранбена индустрија соочена со растечките закани.

„Прашањето е дали Европејците сакаат да го произведат она што ќе им биде потребно за безбедноста во следните 20 години или не, бидејќи ако зависиме од американската индустриска и технолошка одбранбена база, тогаш ќе имаме големи дилеми и стратешка зависност“, рече Макрон. 

Тој, исто така, истакна дека Иран го претставува „главниот стратешки и безбедносен предизвик за Франција, Европејците, целиот регион и пошироко“ и дека тоа ќе биде приоритетно прашање во дијалогот што ќе го води со новата американска администрација на Доналд Трамп. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан