• сабота, 04 јануари 2025

Макрон: Распишувањето предвремени избори ја зголеми нестабилноста во Франција

Макрон: Распишувањето предвремени избори ја зголеми нестабилноста во Франција

Париз, 1 јануари 2025 (МИА) - Одлуката да се распишат предвремени парламентарни избори во Франција во текот на летото предизвика поголема политичка нестабилност во земјата, призна францускиот претседател Емануел Макрон во своето новогодишно обраќање.

-Разумноста и понизноста ме принудуваат да признаам дека оваа одлука создаде повеќе нестабилност отколку мир во овој момент и јас сум целосно одговорен за тоа, рече Макрон во своето новогодишно обраќање на телевизија.

По лошите перформанси на неговиот центристички табор на европските избори во јуни, Макрон го распушти парламентот со цел „да создаде јасност и да ја спречи заканата од застој“.

-Сепак, ова создаде повеќе поделби отколку решенија за францускиот народ, рече тој.

Предвремените избори, кои наидоа на широко неразбирање и критики во Франција, доведоа до дополнително губење на моќта на таборот на Макрон во парламентот.

Малцинската влада, која беше формирана само по два месеци, беше соборена од опозицијата во декември во спорот околу буџетот за штедење. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан