• сабота, 13 јули 2024

Макрон планира да ја прифати оставката на премиерот на 16 јули

Макрон планира да ја прифати оставката на премиерот на 16 јули

Пaриз, 12 јули 2024 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон планира да ја прифати оставката на премиерот Габриел Атал во вторник на 16 јули, пишува „Ле Фигаро“.

„За време на состанокот во Елисејската палата во присуство на (министерот за внатрешни работи) Жералд Дарманин, (поранешната премиерка и членка на партијата „Преродба“ на Макрон) Елизабет Борн и Габриел Атал, шефот на државата прецизираше дека има намера да ја прифати оставката на неговиот премиер и влада во вторник на 16 јули, односно по последниот Совет на министри“, пишува „Фигаро“.

Атал во понеделникот понуди оставка, еден ден по вториот круг од предвремените парламентарни избори, но Макрон ја одби, барајќи од него „засега да остане на функцијата француски премиер“ за „да се обезбеди стабилност на земјата“.

По вториот круг од изборите, левичарската коалиција Нов народен фронт (НФП) освои 182 места во Парламентот. Политичкиот сојуз на актуелниот француски претседател, центристичкиот блок Заедно освои 168 пратенички места, а на трето место е крајно десничарската партија „Национален собир“ на Марин Ле Пен со 143 пратенички места. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан