• петок, 22 ноември 2024

Македонски концепт: Време е битолчани да престанат да ги следат корумпираните политичари и да поддржат граѓански пратеници

Македонски концепт: Време е битолчани да престанат да ги следат корумпираните политичари и да поддржат граѓански пратеници
Скопје, 28 јуни 2020 (МИА) - Решавање на проблемите во Битола, отфрлање на корумпираните политичари, следење на имотната состојба на политичарите но и менување на состојбата во градот е главното што им го порачаа денеска од Македонски концепт на граѓаните на предизборниот караван во Битола. Според Македонски концепт, крајно време е да се направи нешто за да се смени состојбата во градот, а првиот чекор е со поддршка и заокружување на бројот 10 на избирачкото ливче. -Време е Битола и целиот југозападен регион да ја напуштат праксата на следење лажни патриоти и бандити во политиката и конечно да поддржат граѓански листи составени од граѓани кои носат вистински решенија за проблемите. Верувам дека граѓаните на Битола ќе бидат посебно среќни и задоволни доколку ние со наши пратеници во Парламентот го наметнеме законот за финансиска лустрација и потекло на имот на политичарите. Овој закон е предвиден за сите политичари, почнувајќи од мене и останатите политичари од Битола, кои како што се покажа досега се надалеку и нашироко познати по своето криминално поведение за што Битола е доведена во ваква ситуација, изјави Петар Богојески, промотор на Македонски концепт, во Битола. При посетата на Битола на карванот на Македонски концепт, средби со граѓаните остарија покрај Богојески, и носителот на ИЕ 5, Стево Насковски како и кандидатите за пратеници. Насковски им порача на своите сограѓани дека поддршката за Македонски концепт е поддршка за Битола на граѓаните, за политичари со вредности и принципи кои ќе се борат за закони што се суштински за создавање нормална држава и град без корумпирани политичари и лажни патриоти. Денеска караванот е во посета на градовите од петтата изборна единица, после Битола ќе бидат остварени средби до граѓаните на Охрид, Струга и Кичево. бт/цр

Остани поврзан