• сабота, 23 ноември 2024

Македонски државјанин приведен во Бугарија врз основа на европска потерница

Македонски државјанин приведен во Бугарија врз основа на европска потерница
Софија, 17 март 2022 (МИА) - Бугарската полиција на граничниот премин „Ѓуешево/Деве Баир“ го привела 53-годишниот македонски државјанин Н.Е. врз основа на европска потерница издадена од Суд во чешкиот главен град Прага. Како што соопшти софиското Јавно обвинителство, при проверка на документите за лична идентификација, полициските службеници на граничниот премин утврдиле дека прашкиот Суд издал европска потерница за апсење и екстрадиција на Н.Е. под обвинение за „перење пари, фалсификување на официјални документи и тргување со нив“. Потерницата против Н.Е. е издадена за отслужување на двегодишна казна затвор на која е осуден од страна на чешки Суд. Бугарското Обвинителство информира дека издало налог за задржување во притвор на Н.Е. се до завршувањето на постапката за негова екстрадиција. сп/ац/

Остани поврзан