• недела, 22 декември 2024

Македонските фудбалери загубија од Португалија во баражот за Светското првенство

Македонските фудбалери загубија од Португалија во баражот за Светското првенство
Порто, 29 март 2022 (МИА) – Во финалето од плејофот за настап на Светското првенство 2022, вечерва во Порто, македонската фудбалска репрезентација загуби од Португалија со 2:0. Двоен стрелец на средбата на „Драгао“ одиграна пред околу 50 илјади гледачи, од кои 1.500 Македонци беше Бруно Фернандеш. Португалците беа подобар тим во првото полувреме и од три големи шанси една претворија во гол. Фернандеш погоди во 32. минута на асистенција на Кристијано Роналдо, а по грешката на капитенот Стефан Ристовски. И вториот гол Португалците го постигнаа во транзиција, откако на Енис Барди му беше одземена една топка во 65. минута. Избраниците на селекторот Благоја Милевски, иако се обидуваа да се надигруваат со големиот фаворит, сепак не успеаја посериозно да го загрозат голот на Диого Коста. Покрај Португалија, вечерва настап на Светското првенство во Катар обезбеди и селекцијата на Полска која ја победи Шведска. зс/

Остани поврзан