Македонските тенисерки против Португалија во финалето на Били Џин Кинг купот
- Македонската женска тениска репрезентација денес на централниот терен на ТК Југ ќе ги започне финалните натпревари од Били Џин Кинг Купот, против репрезентацијата на Португалија.
Скопје, 10 јули 2022 (МИА) - Македонската женска тениска репрезентација денес на централниот терен на ТК Југ ќе ги започне финалните натпревари од Били Џин Кинг Купот, против репрезентацијата на Португалија.
Почетокот на финалето е закажан за 10 часот.
По полуфиналната победа против репрезентацијата на Косово, нашата женска репрезентација на домашен терен ќе се бори за победа на престижниот Били Џин Кинг Куп.
Пласманот во финалето на Били Џин Кинг Купот е најголемиот тениски репрезентативен успех на македонските селекции во последната деценија. Победникот од ова финале ќе биде промовиран во втората Евроафриканска група.
Тениската федерација на Северна Македонија испрати повик до македонската јавност да се појави во што поголем број на централниот терен на ТК Југ за да даде силна поддршка на македонските тенисерки, кои се наоѓаат пред историски успех за домашниот репрезентативен тенис. зс/