• сабота, 05 октомври 2024

Македонските кошаркари ќе ги стартуваат олимписките претквалификации во Талин или Гливице

Македонските кошаркари ќе ги стартуваат олимписките претквалификации во Талин или Гливице

Скопје, 29 април 2023 (МИА) - Од 12 до 20 август во Естонија и Полска, ФИБА предвиде два од трите турнири на европскиот континент, последниот ќе се игра во Истанбул. Македонија ќе ги стартува олимписките претквалификации во Талин или Гливице, соопшти КФСМ.

 

Вкупно 32. национални селекции од Европа ќе се поделат во четири групи (по осум учесници). Согласно со предвидениот план, групите „А“ и „Б“ (првата фаза) ќе се играат во Естонија односно Полска (завршната во полскиот град), а групите „Ц“ и „Д“ во Турција.

 

Како осми носител, Македонија заедно со Португалија, за противници во првата, групна фаза, може да ги добие селекциите кои се во првата група на носители (Чешка или Полска), во четвртата (Израел или БиХ),односно петтата (Унгарија или Естонија).

 

Победниците на групите ќе се стекнат со право да играат во олимписките квалификации за настап на Олимпијадата во Париз во 2025 година. зс/

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан