• петок, 05 декември 2025

Македонските кадетки го совладаа Косово на Балканското првенство во одбојка

Македонските кадетки го совладаа Косово на Балканското првенство во одбојка

 

Тирана, 12 јуни 2025 (МИА) – Македонската женска одбојкарска репрезентација до 19 години ја запиша првата победа на Балканскиот првенство во Тирана, откако попладнево со максимални 3:0 во сетови (25:23, 25:17, 25:17) триумфираше над Косово.

По вчерашниот пораз од Бугарија во воведното коло, избраничките на селекторот Александар Митев денеска одиграа на високо ниво во сите три сета.

Откако со пресврт успеа да го освои првиот сет, надоместувајќи негатива од 21:23, Македонија во продолжението доминираше на теренот, освојувајќи ги преостанатите два сета со идентични 25-17.

Македонија утре во 13 часот го игра третиот дуел од групната фаза против Турција. ег

ФОТО: ОФМ

Остани поврзан