• сабота, 29 јуни 2024

Македонските и словенечките стопанственици апелираат за поддршка на Словенија

Македонските и словенечките стопанственици апелираат за поддршка на Словенија

Скопје, 9 август 2023 (МИА) - Друштвото на словенечки и македонски стопанственици отвори наменска хуманитарна сметка во НЛБ Банка со цел прибирање донации за помош на Република Словенија која се соочува со последиците од катастрофалните поплави кои ја зафатија земјата во изминатите неколку дена.

-Многупати во минатото нашите две земји меѓусебно се помагале и поддржувале. Сите се сеќаваме на неодамнешните пожари кои беснееа кај нас, а во чие гаснење се вклучија бројни доброволци од Словенија. Во овие моменти треба да ја покажеме нашата солидарност како народ, стопанство и држава. За таа цел, во согласност со барањата на Владата на Република Словенија за помош, Друштвото на словенечки и македонски стопанственици отвори наменска хуманитарна сметка во НЛБ Банка.

Сите донации кои ќе бидат примени на оваа сметка ќе бидат префрлени на соодветните служби и организации во Словенија кои се активни на терен во рамки на тамошната цивилна заштита.

Податоци за вашите донации

Број на с-ка: 210-0759929302-64

Банка: НЛБ Банка

Назив на примач: Словенечки имакедонски стопанственици СИЗ Скопје – наменска хуманитарна сметка

Шифра на плаќање: 560 – Уплати засолидарни и хуманитарни цели

Цел на дознака: Донација за поплавите во Словенија.

Словенија во изминатите неколку дена се соочува со последиците од најголемата природна катастрофа во нејзината понова историја. Голем дел од нејзината територија беше засегната од поројните дождови и невремиња кои резултираа со обилни поплави и свлечишта. Голем број граѓани ги изгубија своите домови, а инфраструктурата на земјата е сериозно оштетена. Штетите предизвикани од поплавите се проценуваат на неколку милијарди евра. вг/са/

Фото: Друштво на словенечки и македонски стопанственици

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан