• понеделник, 23 декември 2024

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години поразена од Црна Гора

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години поразена од Црна Гора

Бар, 3 мај 2023 (МИА) - Младата репрезентација на Македонија до 18 години на стадионот „Тополица“ во Бар го одигра првиот од двата предвидени контролни натпревари против соодветната селекција на Црна Гора. Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ одиграа под очекувањата и беа поразени до 3:0 од домаќинот, информира ФФМ.

 

Скробановиќ во 29. минута од средбата го постигна водечкиот погодок за Црна Гора. На 2:0 зголеми Вукчевиќ во 43. минута. Конечните 3:0 ги постави Перовиќ во последната минута од мечот.

 

Втората контролна средба помеѓу овие две репрезентации ќе биде одиграна утре, 4 мај со почеток од 12 часот. зс/

Остани поврзан