• понеделник, 18 ноември 2024

Македонската кошаркарска репрезентација 53-та на ФИБА ранг-листата

Македонската кошаркарска репрезентација 53-та на ФИБА ранг-листата
Скопје, 26 септември 2022 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација се најде на 53. место во светскиот репрезентативен поредок. По завршувањето на Европскиот шампионат кој од 1. до 18. септември се одржа во четири различни земји, Светската кошаркарска федерација (ФИБА) го направи и најновото рангирање на сениорските национални тимови. - Без особени промени изгледа листата во европската кошаркарска зона. Со вкупно 195.3 освоени поени, Македонија е на 28. место во европската зона, односно едно место подолу во однос на претходното рангирање на ФИБА. Нашите противници во второто претквалификациско коло за Евробаскетот 2025, селекцијата на Данска е на 32.место на листата (179,7 поени), Словачка е 35, а Норвешка на позицијата број 39, објави КФСМ. Во изминатиот период, „црвено-жолтите“ имаа половичен ефект. Два порази во квалификациите за Светскиот Куп (против Шпанија и Украина), додека во текот на август дојдоа и двете победи во вториот круг од претквалификациите за Евробаскетот 2025, против Данска на гостински и Словачка, на домашен терен. Првопласираните три репрезентации на ФИБА-листата се: САД со 760,7 бодови, Шпанија со 758,9 и Австралија со 741,1 поен. зс/

Остани поврзан