• среда, 27 ноември 2024

„Македонија 2025“, МАНУ, бизнис заедницата и институциите ќе работат на забрзана дигитализација преку „Дигитална иницијатива“

„Македонија 2025“, МАНУ, бизнис заедницата и институциите ќе работат на забрзана дигитализација преку „Дигитална иницијатива“
Скопје, 23 јуни 2021 (МИА) - Забрзување на процесот на дигитализација и унапредување на дигиталните вештини на македонските граѓани и бизниси е главна цел на „Дигиталната иницијатива“ што ја иницира организацијата „Македонија 2025“. Како што стои во соопштението на „Македонија 2025“, „Дигиталната иницијатива“ ќе се реализира преку широко партнерство со деловната и политичката заедница, како и научната фела, застапена преку Македонската академија на науките и уметностите - МАНУ. Оттаму велат дека на денешната средба на која присуствувас претставници на „Македонија 2025“, како и претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев и министерот за информативна технологија, Јетон Шакири, е констатирано дека Македонија заостанува зад ЕУ и светот во дигитализацијата и тоа во сите три сегменти: граѓани, бизниси и државни институции, заради што е неопходно забрзување на процесот на дигитализација преку креирање на соодветни услови во јавната администрација, приватниот сектор и кај граѓаните. Притоа, академик Коцарев истакна дека иднината е во дигитализацијата и дигиталните вештини и МАНУ ќе ги вложи своите ресурси за „Дигиталната иницијатива“ да го трасира виситнскиот пат за просперитетна Македонија. Министерот за информатичка технологија и јавна администрација, Шаќири, на настанот ги истакна плановите на Владата во доменот на дигитализација, при што, како што нагласи дека „Дигиталната иницијатива“ на „Македонија 2025“ е добредојдена и во право време „за да се здружиме со приватниот и граѓанскиот сектор и да ја реализираме дигиталната трансформација час поскоро“. Додека, како што стои во соопштението, Никица Мојсовска Блажевски, извршна директорка на „Македонија 2025“ на настанот истакна дека дигитализацијата ќе ја зголеми нашата конкурентност, а истовремено ќе го подигне квалитетот на услуги од земјава. На состанокот е презентиран и планот за работа и клучните активности што ќе се спроведат во подготовка на „Дигиталната иницијатива“ на МК 2025. „Дигиталната иницијатива“ е дел од мисијата на „Македонија 2025“, а од организацијата велат дека по денешниот иницијативен состанок, според планот кој денес е презентиран, ќе следуваат низа активности во следниот период за забрзување на процесот на дигитализација во земјава. ар/сп/

Остани поврзан