• четврток, 04 јули 2024

Мадуро: Повторно ќе започнат разговорите со САД за договорите потпишани во Катар

Мадуро: Повторно ќе започнат разговорите со САД за договорите потпишани во Катар

Каракас, 2 јули 2024 (МИА) - Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека го прифатил предлогот за продолжување на директните преговори со САД.

„Следната среда ќе ги обновам разговорите со американската влада. Откако размислив, прифатив и следната среда повторно ќе започнат разговорите за да се почитуваат договорите потпишани во Катар и да се вратат условите за дијалог со почит“, рече Мадуро во телевизиска емисија.

Кон крајот на 2023 година, Вашингтон и Каракас постигнаа договор за размена на затвореници по неколкумесечни преговори со посредство на Катар.

Официјалниот преговарач на Венецуела и претседател на Националното собрание, Хорхе Родригез, ќе отпатува на разговорите, рече Мадуро, без да прецизира конкретни теми за кои ќе се разговара.

Разговорите започнаа пред околу две години, но откако американските санкции за нафта беа повторно воведени во април минатата година, владата на Мадуро ги обвини САД за прекршување на договорот. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан