• петок, 22 ноември 2024

Магла од 100 – 150 метри на патниот правец Тетово – Попова Шапка, видливоста намалена

Магла од 100 – 150 метри на патниот правец Тетово – Попова Шапка, видливоста намалена

Скопје, 10 јануари 2024 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, а намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мч/аа/

фото: МИА архива

Остани поврзан