• понеделник, 16 декември 2024

„Магична симфонија“ нова премера на штипскиот Народен театар

„Магична симфонија“ нова премера на штипскиот Народен театар

Штип, 16 декември 2024 (МИА) - Националната установа (НУ) Центар за култура ,,Ацо Шопов“ - Театар Штип ќе ја изведе својата последна премиера за 2024 година.

Театар-Штип соопшти дека театарската претставата за деца „Магична симфонија" од авторката Весна Куслеска, а во режија на Никола Ристов, премиерно ќе биде изведена во вторник, 17.12.2024 год. во 19.00 часот на матичната сцена на Народниот театар - Штип. Додека пак, првата реприза е закажана на 18.12.2024 (среда).

Во претставата играат: Миле Вратеовски, Анѓелка Нашкова, Мирко Голомеов, Стефанија Митовска, Милорад Ангелов, а гласот на цвеќето: Елена Шорова Дербов. Композитор е Илија Ќосевски, костими: Ирена Китанова Мирасчиева, кореографија: Марија Минчева Андонов, сценографија и анимации: Никола Ристов и дизајнот е на  Анѓелка Нашкова. вдј/

Фото: Театар Штип 

Остани поврзан