МААЕ: Иран не одговори на барањето за продолжување на нуклеарниот договор
- Иран не одговори на барањето на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за продолжување на договорот за следење на нуклеарниот договор на Техеран, соопшти денеска агенцијата на Обед
Виена, 25 јуни 2021 (МИА) - Иран не одговори на барањето на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за продолжување на договорот за следење на нуклеарниот договор на Техеран, соопшти денеска агенцијата на Обединетите нации, додавајќи дека бара „итен“ одговор од кој зависат разговорите во Виена за враќање на Иран во нуклеарниот договор.
Договорот, кој истече на 24 јуни, предвидува МААЕ да собира податоци за активностите на Техеран, олеснувајќи ја одлуката на Иран од февруари за намалување на соработката со агенцијата.
„Неопходен е моментален одговор на Иран на ова прашање“, наведува МААЕ во соопштението во кое се сумира извештајот доставен од шефот на организацијата, Рафаел Гроси.
Гроси минатата недела му напиша на Техеран „дека го разбира иранскиот став во врска со можното континуирано собирање, евидентирање и задржување на податоците“. паг/