• понеделник, 04 ноември 2024

Лукман го постигна првиот хет-трик во финалето на Лига Европа по 49 години

Лукман го постигна првиот хет-трик во финалето на Лига Европа по 49 години

Даблин, 23 мај 2024 (МИА) - Напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман, синоќа постигна три гола во финалето на Лигата на Европа против Баер Леверкузен (3:0).

Дваесет и шестгодишниот нигериски фудбалер ги постигна головите против германскиот клуб во 12., 26. и 75. минута од натпреварот. 

Лукман стана првиот играч од 1975 година кој постигнал хет-трик во финалето на турнирот. Последен пат тоа му успеало на Јуп Хејнкес, кој играше за Борусија Менхенгладбах (тогаш турнирот се викаше Куп на УЕФА). 

-Една од најубавите вечери во мојот живот. Неверојатни перформанси на тимот, го направивме тоа! Можеме да кажеме трета-среќа, бидејќи ова е наша прва победа во третото финале оваа сезона. Треба да славиме бидејќи вечерва испишавме историја, изјави Лукман по натпреварот.

Аталанта за прв пат во историјата ја освои Лигата на Европа. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан