• недела, 22 декември 2024

Лукаревска: СДСМ се грижи за сите подеднакво, нови мерки за помали цени на основните прехранбени производи

Лукаревска: СДСМ се грижи за сите подеднакво, нови мерки за помали цени на основните прехранбени производи
Скопје, 11 ноември 2022
Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска денеска се обрати на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ што се одржа во Дојран.
Лукаревска пред присутните истакна дека СДСМ за време на целата глобална криза, покажува што значи вистинска грижа за граѓаните, преку навремени и ефикасни мерки за поддршка на граѓаните и компаниите.
- Оваа година како ниту една Влада во регионот од Буџетот издвоивме над 760 милиони евра за директна помош на граѓаните и стопанството. Само со последниот пакет мерки од 360 милиони евра, помагаме 200.000 граѓани во следните четири месеци. Обезбедивме пониска цена на струјата за компаниите кои произведуваат основни прехранбени продукти. Веќе за десеттина денови ќе се намалат крајните цени на лебот, на млекото, на маслото за јадење и месото. Тоа е уште една мерка со која им се помага на компаниите, но и на граѓаните, преку намалување на трошоците за храна. Солидарноста, еднаквоста и помагањето, тоа се вредностите по кои ние од СДСМ се водиме, порача Лукаревска.
Заменик претседателката Лукаревска порача дека СДСМ попреку своите одговорни политики ја обезбедува европската иднина на државата и го штити националните и државните интереси.
- СДСМ е државотворната партија кој ја обезбедува иднината на нашата држава, а иднината е во ЕУ со која конечно ги започнавме преговорите за членство. Во НАТО влеговме како Македонци со македонски јазик и идентитет. Како Македонци, со македонски јазик и идентитет ќе станеме и земја членка на ЕУ, затоа што СДСМ 31 година работи за граѓаните и државата, 31 година ги остварува стратешки цели, порача Лукаревска во Дојран.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
 

Остани поврзан