• вторник, 05 ноември 2024

Лукаревска: На лидерската ќе се разговара за ЕУ-перспективата, треба да учествува секоја сериозна партија

Лукаревска: На лидерската ќе се разговара за ЕУ-перспективата, треба да учествува секоја сериозна партија
Скопје, 4 ноември 2022 (МИА) - На лидерската средба нема да се разговара за друго освен за она што е важно за европската перспектива на земјава. Да дојдеме до еден политички, општествен консензус за европската иднина. На граѓаните им треба ЕУ перспектива, за тоа треба да се разговара. Секако дека може да се отворат и други теми, рече Сања Лукаревска, заменик-претседателка на СДСМ и директорка на Управата за јавни приходи. Во Дневникот на ТВ Сител таа истакна дека лидерската средба што за понеделник ја свика премиерот Димитар Ковачевски е важна во овој политички момент и дека секоја сериозна политичка партија која и мисли добро на државата треба да биде дел од  таа средба и секој сериозен лидер треба да придонесе во интерес на граѓаните и државата.-Очекувам дека ќе надвладее разумот и секој сериозен лидер и сериозна партија, којашто и мисли добро на државата, треба да биде дел од дебатата во понеделник на лидерската средба, рече Лукаревска.Директорката на УЈП соопшти и дека се обезбедени средства и мерката Мој ДДВ ќе продолжи да се реализира со зголемен лимит на 2.100 денари.-Мерката Мој ДДВ даде резултат. Обезбедени се средства, повеќе од две милијарди се предвидени во буџетот затоа што ќе го зголемиме и лимитот. Како што ветивме од 2023 година, ќе враќаме за едно тримесечие 2.100 денари кај граѓаните наместо досегашните 1.800 денари, рече Лукаревска. хс/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан