• петок, 22 ноември 2024

Лукаревска за РСЕ: Очекувам сите пратеници кои се за ЕУ да ги поддржат уставните измени 

Лукаревска за РСЕ: Очекувам сите пратеници кои се за ЕУ да ги поддржат уставните измени 
Скопје, 28 август 2022 Во интервју за Радио слободна Европа заменик претседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска вели дека очекува пратениците во македонското собрание да ги поддржат уставните измени за доброто на државата. „Јас очекувам дека секој оној што размислува ЕУ-перспективно, кој што размислува добро за државата ќе гласа за тие уставни измени. Бидејќи секој пратеник ги претставува граѓаните и неговите гласачи и тие во него гледаат иднина, гледаат проекти, гледаат во него стандард за оваа држава, така што сметам дека има многу прогресивни сили коишто сакаат да одат напред и затоа сум оптимист дека може да поминат уставните измени. “ вели Лукаревска за РСЕ. Заменик претседателката во интервјуто зборува и за стратегијата за даночна реформа за којашто е отворена дебата во јавноста, очекувајќи дека преку соодветна дебата ќе се дојде и до конечното  најдобро решение. „Ќе се навратам на она што значи сугестија од светски, финансиски институции. Она кое што е стремеж во земјите од Европската унија, а ние се стремиме да ги прецизираме сите тие препораки. На оваа тема разговаравме со сите тие фактори и со бизнис заедницата, и со сметководителите и со консалтинг компании, ревизорски куќи, со МАНУ, со експертите. На крајот ќе мора да се најде најдоброто решение. Донесената стратегија за даночна реформа 2021- 2025, така што не е наеднаш, не е одеднаш, туку пред сè дебатира и се разговара со сите релевантни фактори.“ вели Лукаревска. За најавената мерка за поврат на ДДВ за граѓаните на 2.100 денари во тримесечие од сегашните 1.800 денари Лукаревска вели дека тоа е една олична и популарна мерка којашто претставува дополнителна поддршка на животниот стандард на едно семејство. „Популарноста на мерката не обврзува постојано да правиме одредени убави промени и секако и да го зголемиме лимитот, тоа е дополнување на животниот стандард во едно семејство.“ вели заменик претседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска, во интервју за РСЕ. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан