• вторник, 14 мај 2024

Локалните власти во Кавадарци со апел за внимателност во сообраќајот поради најавените ниски температури

Локалните власти во Кавадарци со апел за внимателност во сообраќајот поради најавените ниски температури

Кавадарци, 21 јануари 2024 (МИА) - Со оглед на тоа што во вечерните часови се најавени ниски температури до -10 C што може да доведе до голомразица, Општина Кавадарци вечерва испрати известување со кое се замолуваат граѓаните да бидат внимателни во сообраќајот. 

Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев информираа дека сите патни правци на територија на Општина Кавадарци се проодни, безбедни за сообраќај и посолени со ризла и сол. 

- Зимската служба на Општина Кавадарци непрекинато ќе ја следи состојбата и благовремено ќе реагира и интервенира согласно категоризацијата на улиците и локалните патишта. Доколку е потребна каква било интервенција или помош, може да се контактира кол центарот на Општината Кавадарци на телефонскиот број 13-300, соопштија од кабинетот на Јанчев. свд/вг/


Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Остани поврзан