• среда, 26 јуни 2024

Лилард најдобар во шут за три поени на НБА Ол-стар

Лилард најдобар во шут за три поени на НБА Ол-стар

Солк Лејк Сити, 19 февруари 2023 (МИА) – Во рамките на НБА Ол-стар викендот што се одржува викендов во Солт Лејк Сити, во натпреварот во 3 поени победник е Демијан Лилард од Портланд.

Во првата рунда Лилард постигна 26 поени, во финалето го повтори овој резултат и го надмина играчот на Индијана, Тајрис Халибартон (17 поени).

Лилард за прв пат во кариерата се истакнува во конкуренција на „снајперисти“.

Во натпреварувањето учествуваа и: Џејсон Тејтум (Бостон), Кевин Хертер (Сакраменто), Тајлер Хиро (Мајами), Бади Хелд (Индијана), Џулиус Рендл (Њујорк) и Лаури Марканен (Јута). зс/

Остани поврзан