• понеделник, 23 декември 2024

Ливерпул се подготвува за преговори со Салах

Ливерпул се подготвува за преговори со Салах

Ливерпул, 3 септември 2024 (МИА) - Раководството на Ливерпул планира интензивни разговори со големата ѕвезда на тимот Мохамед Салах. Секако, се разгледува и можноста за обновување на договорот за членот на египетската репрезентација со „црвените“.

Актуелниот договор на играчот истекува на крајот на сезоната, што значи дека и во јануари Салах се уште може да преговара со сите заинтересирани страни. Тоа е причината зошто Ливерпул има намера да започне разговори со напаѓачот пред крајот на годината.

Салах ги шокираше навивачите на „црвените“ по уште една силна партија на Ливерпул против Манчестер Јунајтед, изјавувајќи дека ова е „неговата последна година“ за клубот. Сепак, според многумина, зборовите за Салах биле протолкувани погрешно.

Според трансфер гуруто Фабрицио Романо, Салах сака да остане во Ливерпул и е подготвен да преговара за нов договор. Другите две главни фигури во изборот на Арне Слот се во слична ситуација, а се работи за Вирџил ван Дајк и Трент Александар-Арнолд. дс

Фото: Архива

Остани поврзан