• среда, 26 јуни 2024

Либан не сака ескалација на конфликтот со Израел, тврди либанскиот премиер Микати

Либан не сака ескалација на конфликтот со Израел, тврди либанскиот премиер Микати

Бејрут, 18 јуни 2024 (МИА) - Либанскиот премиер Наџиб Микати денеска по разговорите со американскиот специјален пратеник Амос Хохштајн во Бејрут, изјави дека Либан не сака ескалација на конфликтот со Израел, наведувајќи дека е неопходно да се запре тековната израелска агресија врз Либан и да се обноват мирот и стабилноста на јужната либанска граница, објави либанската државна новинска агенција.

 „Продолжуваме да настојуваме да ја спречиме ескалацијата, да ја вратиме безбедноста и стабилноста и да ставиме крај на тековните прекршувања на либанскиот суверенитет извршени од Израел“, рече Микати.

Микати истакна дека континуираните израелски закани за Либан нема да го спречат Бејрут да продолжи да се ангажира во воспоставувањето мир како приоритет.

САД се обидуваат да спречат големи конфликти меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах, кои ескалираа во последните неколку недели, изјави денеска Хохштајн за време на посетата на Либан.

Хохштајн, кој е специјален пратеник на американскиот претседател Џозеф Бајден, рече дека го посетил Израел, а потоа и Либан поради сериозната ситуација на либанско-израелската граница. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан