• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Либан и Сирија потпишаа договор за демаркација на границата

Либан и Сирија потпишаа договор за демаркација на границата

Бејрут, 28 март 2025 (МИА) - Либан и Сирија потпишаа договор за демаркација на границата и зајакнување на соработката меѓу двете земји во областа на безбедноста долж нивната заедничка граница, јави денеска саудиската агенција за печат (SPA).

Договорот, потпишан доцна синоќа во Саудиска Арабија од страна на либанските и сириските министри за одбрана Мишел Менаса и Мурхаф Абу Касра, дојде по судирите во пограничните области овој месец во кои загинаа неколку луѓе, а десетици беа ранети од двете страни.

Министрите за одбрана на двете земји потпишаа договор во кој двете страни се согласија за „стратешката важност на демаркацијата на заедничката граница“ и за формирање на правни и специјализирани комитети од различни области.

Менаса требаше да го посети сирискиот главен град Дамаск завчера но посетата беше откажана.

Менаса и Абу Касра пристигнаа вчера во Џеда, Саудиска Арабија, каде што имаа средба на која присуствуваше и саудискиот министер за одбрана Калид бин Салман, а потоа го потпишаа договорот.

Планот за демаркација на границата доаѓа и откако сирискиот претседател Башар ал Асад беше соборен во Сирија на почетокот на декември, што предизвика тензии долж границата со Либан каде либанската милитантна група Хезболах беше активна од двете страни на границата за време на 14-годишниот конфликт во Сирија. рп/

Фото: Википедија

Остани поврзан