• вторник, 05 ноември 2024

Лефков: СДСМ не сака соочување со народот, бега од Референдум

Лефков: СДСМ не сака соочување со народот, бега од Референдум
Скопје, 10 септември 2022
Почитувани,
Антимакедонската СДС е затечена и не знае како да реагира, единствено сигурно е дека не сака соочување со народот. Нема план и стратегија за Референдумот.Ковачевски и Пендаровски веќе неколку дена не знаат како да се постават, стравот од соочување со народот кај власта е огромен.Според спроведени истражувања над 60% од Македонците би излегле на Референдум, и тоа го знаат и во власта. Таквата огромна излезност во големо мнозинство ќе резултира со отфрлање на Договорот со Бугарија. Ова се реалните бројки и факти.
Народот е за поништување на Договорот со Бугарија затоа што тој е изворот на сите негации кон Македонија, кон македонскиот јазик, историја и идентитет.Во Договорот се инкорпорирани најрадикалните и шовинистички бугарски барања, во режија на Заев, а подоцна прифатено и од Ковачевски.
Тезите на антимакедонската СДС дека народот ги поддржува и е согласен со Договорот со Бугарија се лага. Доказ за тоа е и бегањето од понудата за тројни избори, за и заедно со Референдумот, да се организираат и предвремени парламентарни и претседателски избори, се на еден трошок на државата да се завршат сите три важни операции. Од власта немаат одговор затоа што не им одговараат избори и знаат дека ќе изгубат.
Се што прави Ковачевски и антимакедонската СДС е злоупотребата на 61 глас во Собрание на луѓе слепи послушници за да се одржуваат на власт. Власта не се темели на поддршката на народот, ниту ја отсликува неговата волја. Тоа се виде и на последните избори во Тетово, каде ВМРО-ДПМНЕ ја порази антимакедонската СДС со разлика во сооднос 2:1. Таа разлика доколку има избори ќе се преслика и на централно ниво.
Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник
_______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан