• недела, 14 јули 2024

Лефков: Малиот Зоки, Филип, исто како Заев дојде на функција за да се аболира за криминалите 

Лефков: Малиот Зоки, Филип, исто како Заев дојде на функција за да се аболира за криминалите 

Скопје, 12 јули 2024

Малиот Зоки, Филиче, исто како Заев дојде на функција за да се аболира за криминалите, а во негово време луѓе собираа пари за лечење преку СМС.

Македонија е може единствена држава во Европа каде собирање на пари за лечење се прави преку СМС пораки, тоа е работа која Филипче можеше, а не ја корегираше.

Десетина милионски матни тендери, 14 живи изгорени луѓе во Модуларната болница во Тетово, руинирано здравство, изнемоштени пациенти од лавиринтите создадени од власта, тоа се е епилогот од владеењето на Филипче, малиот Зоки и Заев.

Филипче поучен од Заев мисли дека и тој по истиот пример ќе се извлече и ќе може да обвинува за политички притисоци во моментот кога ќе се соочи со одговорност.

Филипче имаше шанса и не направи ништо во здравствениот систем, донесе само криминал и корупција.

Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ

 Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан