• вторник, 05 ноември 2024

Лефков: Братот на Груби купил деловен објект на улица „Македонија“ од 127м2 вреден половина милион евра

Лефков: Братот на Груби купил деловен објект на улица „Македонија“ од 127м2 вреден половина милион евра

Скопје, 20 февруари 2023Додека Артан Груби е вицепремиер, неговиот брат трупа огромен имот. Империјата Груби расте и зазема милионски димензии. Денес продолжуваме со откривање детали за бизнис империјата на семејството Груби.Се наоѓаме на улица Македонија, една од најфреквентните улици во Скопје, во чија близина се голем број на институции и трговски центри. Токму зад мене се наоѓа најновата инвестиција на семејството Груби, голем деловен простор, купен во време додека Артан Груби е вицепремиер од страна на неговиот брат.Овој деловен простор е со површина од 127 м2, и според катастарската евиденција е сопственост на Ветон Груби, брат на Артан Груби.Квадратен метар деловен простор на оваа локација се движи помеѓу 3.000 и 4.000 евра, што значи дека објектот на Груби вреди и до 500.000 евра.Артан Груби, да одговори како неговиот брат Ветон Груби го купува овој имот и со кои средства? И дали при купување на имотот на било кој начин е искористена неговата политичка моќ или политичко влијание?Груби да каже, како додека тој е вицепремиер, неговиот брат и нему блиски луѓе влегуваат во милионски бизниси и инвестиции.ДКСК и ЈО да не чекаат и да отворат постапка за бизнис империјата, која се плете околу Артан Груби, како и да отворат постапка за потеклото на парите и можното злоупотреба на влијание од негова страна.

Утре продолжуваме со објавување на нови детали, и дилеми кои неминовно се јавуваат за купувањето на овој деловен објект, со докази и аргументи.

 

Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан