• недела, 22 декември 2024

Летонија ќе придонесе со 10 милиони евра за чешката иницијатива за артилериски гранати за Украина

Летонија ќе придонесе со 10 милиони евра за чешката иницијатива за артилериски гранати за Украина

Рига, 15 мај 2024 (МИА) - Летонија ќе придонесе со 10 милиони евра за чешката иницијатива за снабдување на Украина со околу 800 илјади артилериски гранати, јави ДПА, повикувајќи се на одлука на владата.

Дополнително, Летонија ќе испорача околу илјада воздушни беспилотни летала во Украина во јуни, рекоа летонскиот премиер Евика Силинија и министерот за одбрана Андрис Спрудс по состанокот на владата.

Украина со месеци бара да се испорачаат артилериски гранати за да и помогнат да ја продолжи борбата против руските сили кои ја нападнаа нејзината територија во 2022 година. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан