• вторник, 05 ноември 2024

Леклер: Ферари направи мал чекор напред, иако во Унгарија е тешко да се видат слабостите на нашиот болид

Леклер: Ферари направи мал чекор напред, иако во Унгарија е тешко да се видат слабостите на нашиот болид

Маранело, 23 јули 2024 (МИА) – Шарл Леклер даде свое видување за позицијата на тимот по неделната трка од Формула 1 шампионатот возена за ГН на Унгарија.

Тој истакна дека во моментов тимот не може да се натпреварува во брзина со Мекларен, а напредокот во работата со болидот прво треба да биде потврден на претстојното Гран при на Белгија.

- Релативно сум задоволен, иако е јасно дека никогаш нема да бидам задоволен со четвртото место. Имајќи предвид дека последните трки беа тешки за мене. Во Унгарија сакавме да се обидеме да го постигнеме најдобриот можен резултат за нас и да го истражиме потенцијалот на нашиот болид. И мислам дека успеавме да го постигнеме ова. Мекларен е доста пред нас во моментов. Јазот во однос на Ред Бул, од друга страна, се чини дека малку се намали.

Генерално, се чувствува како да направивме мал чекор напред во Унгарија. Но, на оваа патека беше тешко да се видат слабостите на Ферари. Така, пред трката во Спа ќе ни биде тешко да процениме колку навистина имаме напредок, потенцира Леклер.

Белгиското Гран при ќе се вози в недела во Спа. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан