• недела, 22 декември 2024

Леклер: На главната трка, јас и Сајнц не можеме да си дозволиме да се бориме меѓу себе како во спринтот

Леклер: На главната трка, јас и Сајнц не можеме да си дозволиме да се бориме меѓу себе како во спринтот
Спилберг, 10 јули 2022 (МИА) - Возачот на Ферари, Шарл Леклер, смета дека тој и неговиот тимски колега Карлос Сајнц не треба да се мешаат во меѓусебната борба на австриското Гран при. По вчерашниот спринт, Леклер го освои второто стартно место, а Сајнц беше трет. Пол-позицијата ја освои Макс Верстапен од Ред Бул. - Трката ќе биде долга, работата со гумите ќе биде многу важна. Мислам дека јас и Карлос не можеме да си го дозволиме тоа што го имавме во спринтот. Дали се потребни одредени граници во борбата меѓу партнерите? Не знам, не е наше да одлучуваме, Матија Биното, треба да го направи тоа. Сепак тоа е на тимот да одлучи, изјави Леклер. Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Австрија ќе почне денес во 15 часот на патеката „Ред Бул Ринг“ во Спилберг. зс/

Остани поврзан