Левица: Јаневска и Јакимовски водат партиски пресметки преку грбот на учениците
- СООПШТЕНИЕ - Деновиве јавноста сведочи препукувања меѓу лидерот на ГРОМ и градоначалник на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, и министерката за образование од ВМРО- ДПМНЕ, Весна Јаневска.
Скопје, 17 октомври 2024
Деновиве јавноста сведочи препукувања меѓу лидерот на ГРОМ и градоначалник на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, и министерката за образование од ВМРО- ДПМНЕ, Весна Јаневска.
Јакимовски најави дека ќе го помести почетокот на грејната сезона во училиштата на територија на општина Карпош за први ноември, бидејќи парите што ги добива Општината од МОН не се доволни да ги покријат трошоците на училиштата и училиштата веќе должат 8.300 000 денари кон ЕСМ.
Јакимовски излезе со тврдење дека блок-дотациите на кои се повикува Јаневска не се соодветно исплатени, односно од предвидени 39 милиони денари, исплатени се само 23 милиони ден.
Министерката излезе со коментар дека Јакимовски е снаодлив и очекува да се снајде.
Додека тие, место да седнат на маса и да разговараат за проблемот со цел да најдат решение, се препукуваат на пресови, учениците од училиштата во општина Карпош ќе останат во студени училници.
Ситуацијата во општина Карпош сведочи за една крајна незрелост и немање свест за јавен интерес и од двете страни.
Додека Јакимовски и Јаневска калкулираат партиски гласови ни малку немаат предвид дека стотици основци и нивните наставници се оставени да работат во несоодветни услови.
Партиските пресметки за јавни пари и на сметка на јавен интерес ја даваат вистинската слика на несовесноста на владеачките партии и го покажуваат вистинското лице на нивната жед за власт. Очигледно е дека крајна цел е моќ и злоупотреба, место идеи и реализација за поквалитетно живеење и просперитет на општеството.
Ставот на Левица е дека јавниот интерес мора да биде над секој друг интерес.
Ги повикуваме и двете страни да бараат и да нудат решенија, место да креираат проблеми со цел да приберат политички поени - на граѓаните веќе им е јасно дека во ваквите навидум битки, единствени жртви се тие и нивните деца.
ПП Левица
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.