• четврток, 21 ноември 2024

Левица: Се залагаме за посебна заштита на македонскиот јазик

Левица: Се залагаме за посебна заштита на македонскиот јазик

Скопје, 5 мај 2024 

Денес е 5 мај - Ден на македонскиот јазик. На овој ден во 1945 година, Народната влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.
​​​​​
Левица во својата Изборна програма се залага за ПОСЕБНА ЗАШТИТА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК преку:
 
• Посебен закон за задолжителна и проширена употреба на македонскиот јазик и негова институционална заштита преку зајакнати ингеренции на Инспекторатот за употреба на македонскиот јазик, на кодифицираниот литературен и стандарден македонски јазик, како и на неговите дијалекти;
- задолжително изучување на македонскиот јазик од страна на сите ученици од прво одделение;
- задолжително познавање на македонскиот јазик при стекнување државјанство;
- задолжителна примена при брендирањето и јавното рекламирање;
- задолжителна примена на сообраќајните знаци;
- задолжителна и единствена примена на таблите, печатите, штембилите и меморандумите на државните органи;

• Повторно отворање на повеќето лекторати по македонски јазик на странските универзитети ширум светот, како отворање на нови;

• Изработка на т.н. дигитален корпус на македонскиот јазик: соодветен дигитален речник, граматика, етимолошки речник, дијалектни речници и сл.;

• Владино спонзорирани онлајн - часови по македонски јазик за децата на нашите иселеници во странство;

• Задолжителен превод на македонски јазик на сета ТВ и радио програма која оди во етерот, а се емитува на друг јазик различен од македонскиот (од домашни или странски телевизии);

• Владин откуп и ставање на слободно користење на над 100 кирилични фонтови за компјутерско пишување исклучиво на македонска кирилица - која се разликува од бугарската, српската и руската кирилица;

• Задолжително и обврзно користење на кириличното писмо во сите натписи, имиња и логоа на државните органи, јавните институции, здруженијата и фирмите - со цел враќање на приматот на македонскиот јазик, како единствен службен јазик на целата територија на Републиката.

На овој ден од ПП Левица порачуваме:

,,Македонската платформа на Левица го штити македонскиот јазик!"

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Левица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан