Левица: Патарините да бидат соодветни на социјалниот стандард на граѓаните
- Јавното претпријатие за државни патишта од граѓаните по основ на патарини во вториот квартал годинава наплатило 12 милиони евра, односно 13.6% повеќе споредбено со истиот период од минатата г
23 ноември 2022
Јавното претпријатие за државни патишта од граѓаните по основ на патарини во вториот квартал годинава наплатило 12 милиони евра, односно 13.6% повеќе споредбено со истиот период од минатата година.
Дополнително, во однос на минатата година зголемен е и приходот од патна такса што се плаќа при регистрација на возилата за 3.48%.
Пратениците од Левица во март месец поднесоа анти-кризен закон за олеснување на ефектите од економската криза, односно предложија намалување на цените на патарините за 50 отсто и одземање на ингеренциите на Владата за регулирање на патарините и трансферирање на ингеренциите на Собранието.
Но, ваквиот Предлог-закон беше одбиен од страна на 57 пратеници на корумпираните СДС и ДУИ.
Иако приходите кои ги остварува ЈПДП треба да се користат за реконструкција на патиштата, одржување на инфраструктурата и патната сигнализација, ситуацијата на терен е: катастрофални патишта со кратери, несоодветни сигнализации, незавршени реконструкции и изградби на нови патишта, како и патишта опасни по безбедноста на граѓаните.
Патарините треба да бидат соодветни на социјалниот стандард на граѓаните и нивната економска моќ. Недозволиво и крајно брутално е во ек на голема економска криза, која најсилно удира по џебот на граѓаните, да се дозволува профитирање на нивна штета и дополнително отежнување на нивната состојба со необјасниво најскапи патарини во регионот. Политичка партија Левица ______________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.