• петок, 22 ноември 2024

Левица: ДПМНЕ најави помош за Украина

Левица: ДПМНЕ најави помош за Украина

Скопје, 6 ноември 2024

По стапките на неговата претходничка од СДСМ Славјанка Петровска, Министерот за одбрана на ДПМНЕ - Владо Мисајловски, најави нова помош за Украина. Со ова, Владата предводена од Мицкоски, продолжува со непријателските дејствија кон Русија и ја вовлекува земјата во конфликт, со земја членка на Советот за безбедност.

Несомнено е дека Македонија нема апсолутната никаков интерес од вмешување и учество во воени дејствија кои се директна последица на империјалистичката политика која ја води Колективниот запад. Уште поизвесно е дека последиците, особено со политиката на санкции, ги плаќаат македонските граѓани, кои се манифестираат преку вртоглавата инфлација во сите сфери на економијата, проследени со хронична енергетска и социјална криза.

Но, слепо следејќи ги инструкциите на империјалистичките интереси на НАТО, партиите на власт, уште еднаш покажуваат лојалност кон своите џелати, исклучувајќи ги интересите на својот народ. 

За последните десет години трошоците за одбрана се зголемени за 148 отсто (1,09 отсто, до 2,22 отсто, од БДП), односно од 106 милиони долари во 2014, на 263 милиони долари годинава.

Водејќи се од своите анти-империјалистички принципи, Левица повикува за прекин на вмешувањето во туѓи воени конфликти и водење на надворешна и безбедносна политика исклучително за сопствените, а не за интересите на НАТО. Во ера на безбедносни конфликти, континуираното разоружувањето на земјата и  трошењето народни пари за вооружување на странски армии, не смее да продолжи.

Левица

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан