• сабота, 16 ноември 2024

Левица: Апелираме на зголемување на платите на просветните работници, најавеното покачување не е доволно

Левица: Апелираме на зголемување на платите на просветните работници, најавеното покачување не е доволно

15 октомври 2024 
 
Ресорот кој треба да биде гаранција за иднината, темел за континуиран развој и унапредување на општеството, на власта не ѝ е во фокус. Очигледно е дека ДПМНЕ не ги засега општествениот, туку единствено - личниот просперитет.
 
Договорените 12% зголемување на плата во септември, наставниците не ги добија. Наместо ова покачување на платите, најавени од Владата се СРАМНИ 5% од ноември, додека најавеното покачувањето за директорските плати е 45%. Потсетуваме, претходната власт, ги зголеми платите на функционерите за неверојатни 78%! 
 
И оваа Влада, како и неколку други пред неа, место со Колективен договор, платите ги решава со ценкање. Социјален дијалог, права од работен однос, правично вреднување на трудот, надлежни судови, не постојат, освен за функционери.
 
Левица апелира на зголемување на платите на просветните работници! Оваа круцијална дејност не смее своите работници да ги остави на работ на егзистенцијата! Најавеното покачување не е доволно ниту за порамнување со растот на трошоците за живот. Предупредуваме дека запоставувањето на просветниот кадар од страна на државата, може да заврши со штрајкови и протести од кои во загуба ќе биде целото општество.

Политичка партија Левица 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан