• недела, 22 декември 2024

Левица:Пратеникот Реџеп Исмаил положи цвеќе во чест на убиените бранители кај Љуботенски Бачила

Левица:Пратеникот Реџеп Исмаил положи цвеќе во чест на убиените бранители кај Љуботенски Бачила

Скопје, 10 август 2024 

Два дена по масакрот кај Карпалак, а три дена пред потпишувањето на погубниот Охридски рамковен договор, при прогласено примирје и прекин на огнот се случува масакрот кај Љуботенски Бачила.

На денешен ден, пред 23 години, во 08:00 часот наутро, кај месноста Љуботенски Бачила, воен камион на АРМ полн со муниција нагазил на две противтенковски мини при што загинуваат осум припадници на резервниот состав на АРМ, сите од Скопје, а осуммина војници биле повредени.

По тој повод, утрово, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – ХАКТАН, заедно со членови од Левица - Ѓорче Петров положија свежо цвеќе и оддадоа почит пред спомен обележјето на загинатите бранители во Волково, а делегација предводена од модераторот на Левица - Бутел, Дарко Димовски, оддаде почит и положи цвеќе на споменикот на бранителите во село Љубанци.

Некои од нас беа дел од воениот конфликт, некои беа родени во виорот на војната, но сите заедно 23 години го имаме истиот горчлив вкус - нивните положени животи се наша обврска!

Во таа насока, како политичка партија, Левица, во рамките на своите засегашни можности, преку дела и конкретни чекори докажува дека бранителите не ги заборава и се залага тие никогаш да не се заборават. Иницијативите поднесени од Левица на бранителите и нивните семејства им донесоа низа бенефити и ослободувања.

Животот го загубија: Томе Бадаревски (33), Марјанчо Бошковски (28), Томе Димовски (37), Ивица Златевски (24), Бранко Јанев (36), Раде Јанковски (32), Томислав Настевски (27), Гоце Чанкуловски (39).

Вечна им слава на јунаците кои животот го дадоа за Македонија! На нивната храброст и патриотизам, терористите ја спротивставиле својата злоба, подлост и кукавичлук!

Вечен срам за предавниците кои ги амнестираа терористите!
Вечен непребол и незаборав!

Сектор за медиуми и односи со јавноста на ПП Левица
___________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан